Интер ќе ја мине ноќта на чело на калчолигашката табела откако „нероаѕурите“ вечерва неочекувано лесно и убедливо го торпедираа Комо со 4-0.
Комо имаше само еден пораз во пресрет на овој дуел, но Интер одигра перфектно, знаеше како да ги искористи своите шанси и да стигне до победата. Барела промаши зицер веќе во 2. минута, но само неколку минути подоцна домаќините поведоа преку Лаутаро Мартинез.
Гостите се отворија во второто полувреме во обид да стигнат до израмнување, но наместо тоа Интер ја наполни нивната мрежа со уште три погодоци, преку Турам, Чалханоглу и Аугусто.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

