Интер го тужи Бекам за кражба на брендот

Италијанскиот гигант Интер влегол во судска битка со Дејвид Бекам обвинувајќи го Англичанецот за „кражба на брендот“ откако тој својот новоформиран клуб во САД го именуваше Интер Мајами. Челниците на Интер се убедени дека Бекам немал право да го користи називот на нивниот клуб, без оглед на додавката за градот каде ќе игра новата екипа во МЛС-лигата.

„Нероаѕурите“ се закануваат и со тужба до МЛС-лигата доколку новиот клуб под ова име биде прифатен во натпреварувањето, а конечниот збор треба да го има Судот за Трговски Прашања во САД. Имено, Интер тврди дека го има заштитено својот бренд и ниту еден друг клуб во светот не смее да го користи тоа име, додека од друга страна ставот на Бекам е дека Интер е збор-кратенка изваден од „интернационал“ што треба да биде слободен за употреба за сите, особено што Англичанецот во името на својот клуб веднаш го додал и зборот Мајами.

Одлуката се очекува да биде донесена во следните седум дена, а доколку биде пресудено во корист на Интер, Бекам ќе се најде во незавидна ситуација, да мора да го менува името на клубот кој се уште не почнал да се натпреварува.

Се вчитува...