Интер го задржува Брозовиќ со поголема плата

Интер се врати на врвот на Италија по една деценија, но бајката на „нероаѕурите“ траеше кратко бидејќи раководните лица на клубот брзо ги смирија страстите со изјава дека клубот се соочува со финансиски потешкотии. Следеше заминување на Антонио Конте, се поизвесно е дека клубот ќе го напушти и Хакими, но миланскиот тим и работи за составување на „респектабилен тим“ за следната сезона.

На „Џузепе Меаца“ пристигна Хакан Чалханоглу, а италијанските медиуми пренесуваат дека во клубот ќе остане и хрватскиот репрезентативец Марсело Брозовиќ. Притоа играчот од средниот ред кој во клубот е од 2015 година ќе добие и побогат договор.

Со завршувањето на Европското првенство за „коцкестите“ веќе се започнати и преговорите помеѓу клубот и 28-годишникот, а со новиот потпис Хрватот ќе заработува пет милиони долари или 1.5 милиони долари повеќе од сегашниот договор.

Се вчитува...