Неверојатна партија на Интер кој со 0-6 славеше на гостувањето против Лацио во Рим во последниот натпревар од 16. коло во Серија А.
Дерби пресметката која се одигра на годишнината од смртта на легендата и на двата клуба, Синиша Михајловиќ, на крајот заврши со неверојатна победа на „нераѕурите“.
Триумфот го најавија Чалханоглу и Димарко со погодиците уште во првото полувреме.
⚽️ GOAL 🇮🇹 | Lazio 0-2 Inter | Dimarcopic.twitter.com/KIWx5nZxe7
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 16, 2024
Но, потоа во второто полувреме вистински дебакл на „лацијалите“. Барела погоди во 51. минута за 0-3, па Дамфрис во 53. минута зголеми на 0-4, а Карлус Аугусто во 77. минута и Турам во 90. минута заокружија за конечни 0-6.
Marcus Thuram scores for 6-0
Lazio 0-6 Interpic.twitter.com/OMATMqqOMl
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА