Челниците на Интер и на Аталанта долго време се мачат да најдат заеднички јазик за трансферот на Адебола Лукман меѓу „нероаѕурите“, но затоа многу полесно се договорија за трансфер во обратен правец – со кој Никола Жалевски кариерата ќе ја продолжи во калчолигашот од Бергамо.
Аталанта беше во потрага по нов лев бек откако го продаде Руџери во Атлетико Мадрид, а откако пропаднаа неколку опции вниманието беше насочено кон Жалевски, кој секако не е првотимец и е во сенка на Димарко во Интер. Преговорите се интензивираа во последните 48 часа, за денеска да биде постигнат целосен договор, Аталанта ќе плати вкупно 17 милиони евра за полскиот репрезентативец, кој утре по деталните прегледи треба да потпише петгодишен договор со новиот клуб.
Ова е одлична заработка за Интер од 10 милиони евра, ако се знае дека овој јуни го откупи Жалевски од Рома за седум милиони евра по претходната позајмица од римскиот клуб, за сега да го продаде за значително повисока сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

