Тренерот на Интер, Антонио Конте, најави дека неговиот клуб ќе поднесе тужба против тиражниот италијански весник „Кориере дело спорт“. Причина за ова е навредливото писмо од навивач на Интер кое го објави весникот. „Кориере“ објави текст со писмото од навивачот во кое Конте е нарекуван со погрдни зборови, а се омаловажува и учинокот на Интер во Лигата на шампионите.
Во знак на протест за ваквата постапка на весникот, Интер прво ја откажа прес – конференцијата во пресрет на дуелот со Фиорентина, а потоа се реши и за порадикален чекор.
„Се е во рацете на адвокатите. Ова не е моја одлука, но ако сакаме да испратиме вистинска порака сите мора да покажеме почитување. Од мене бараа извинување за откажаната прес – конференција, но можам да им порачам само дека треба да се срамат. Неодамна објавија насловна страница со расистички контекст. Објавија пред време за болеста на Синиша Михајловиќ иако ги замолил да не го прават тоа“ – изјави Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

