Италијанските фудбалски гиганти Милан и Интер го отфрлија проектот за модернизација и реструктуирање на нивниот стадион „Џузепе Меаца“, објави градоначалникот на главниот град Ломбардија.
„Клубовите рекоа НЕ на реструктуирањето на „Џузепе Меаца“ предложено од (градежната група) „Вибилд““, рече Џузепе Сала по состанокот со менаџерите на двата клуба.
Постоеше план за реновирање на стадионот, при што Интер и Милан ќе ги откупат правата на стадионот и ќе ја платат работата, но миланските клубови го одбија тој предлог. Нивниот предлог е да се изгради нов стадион во близина на постоечкиот.
Проектот за нов стадион во областа „Сан Сиро“ наречен „Катедрала“ беше претставен во 2021 година. Но, набрзо беше напуштен бидејќи, покрај протестите на луѓето што живеат во соседството, бараше и уривање на „Џузепе Меаца“, што не можеше да се направи поради културно наследство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА