Актуелниот италијански првак на самиот крај од зимскиот преоден рок го официјализираше и најновото засилување, Никола Залевски, кој доаѓа од Рома.
Младиот 23-годишен полски репрезентативец ќе биде опција на повеќе позиции во одбраната и во средниот ред, договорен како јануарско засилување до крајот на сезоната, но со можност договорот да биде и целосно откупен од јуни.
За почетниот заем, Интер ќе исплати околу 600 илјади евра, а налето има опција да го купи Залевски за сума од 6 милиони евра.
Welcome
#ForzaInter #WelcomeNicola
— Inter
(@Inter) February 1, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА