Фудбалерот на Вест Хем Јунајтед, Џанлука Скамака ова лето изненадувачки е еден од најбараните фудбалери од страна на италијанските клубови. Голгетерот се наоѓаше пред трансфер во Рома, но работите ги закомпликува Интер, а сега во трансфер сагата се влучи и Аталанта.
Клубот кој следната сезона ќе настапува во Лига Европа испрати понуда од 30 милиони евра за услугите на Италијанецот со што ги засени и Интер и Рома. Лондонскиот клуб ја прифати истата, но последните информации велат дека Скамака цели кон трансфер во Интер.
Дваесетичетиригодишникот во 2022 година по трансферот од Сасуоло вреден 36 милиони евра потпиша петгодишен договор со Вест Хем Јунајтед, но не успеа да се најде во Премиерлигата. Претходната сезона настапи на 27 натпревари на кои забележа само осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА