Интер уште еднаш ја потврди доминацијата на италијанската фудбалска сцена откако во рамките од 36. коло „нероаѕурите“ како гости го демолираа составо на Фросиноне со 0-5. Обезбеденото скудето му овозможи на тренерот Инзаги да го изротира тимот и вечерва да стартува со Бисек, Карлос Аугусто, Арнаутовиќ, Фратези, Асилани… но тоа воопшто не се одрази врз изданието на новиот италијански првак.
Напротив, овие фудбалери покажаа мотив за добро издание, доминираа на теренот и дадоа сериозен придонес за Интер да дојде до преубедлива победа.
Првиот гол беше дело на Фратези на асистенција на Турам, додека на 0-2 на почетокот од второто полувреме зголеми Арнаутовиќ. „Резервистите“ Букенан и Лаутаро Мартинез по влегувањето во игра успеаја да се запишат меѓу стрелците, а конечните 0-5 ги постави Турам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА