Интер стави крај на двата натпревари без победа во Серија А откако во 6. коло славеше на гостувањето кај Удинезе со 2-3 во интересен натпревар.
Фратеси донесе предност на „нероаѕурите“ уште во 1. минута од средбата по што Кабаселе изедначи на 1-1 во 35. минута. Сепак Интер беше оној кој замина со предност на полувремето благодарение на голот на Мартинез во третата минута од судиското продолжение.
Мартинез го постигна и својот втор гол во 47. минута за 1-3, а конечниот резултат го постави Лука во 83. минута.
Fischio finale ad Udine 🙌
3 punti e buon weekend a tutti 😎#ForzaInter #UdineseInter pic.twitter.com/Bcsvxb7JBw— Inter ⭐⭐ (@Inter) September 28, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА