Интер има нов фавори за тренер, откако Цеск Фабрегас ја исклучи можноста да се пресели на „Џузепе Меаца“ и да остане во редовите на Комо.
Името кое сега се поврзува со Интер е сегшаниот тренер на Парма, Кристијан Киву. Наводно Интер веќе ги контактирал челниците на Парма, и им ја кажал намерата да го ангажираат Киву, кој беше и како играч во Интер, кога овој тим дојде до тројната круна во 2010 година заедно со Пандев.
Парма под водство на Киву, лани заврши на 16. место на табелата со освоени 36 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

