Стефано Пиоли беше доведен во Интер како привремено решение, но италијанскиот стратег ги импресионираше и челниците и навивачите на клубот, па веќе ја доби довербата за да остане на клупата на „нероаѕурите“ и за следната натпреварувачка сезона. Весникот „Кориере дело спорт“ објави дека одлуката е донесена, а Пиоли ќе добие и значителна сума за засилување на играчкиот кадар, со што во следната сезона Интер би се борел за шампионската титула.
Во изминатиот период со клупата на „нероаѕурите“ беа поврзувани Диего Симеоне и Лоран Блан, но добрите резултати и пред се одличната офанзивна игра на екипата од Милано беа доволна препорака за кинеските газди на клубот да му искажат доверба на Пиоли.
Само за потсетување, Пиоли дојде на клупата на Интер среде сезона, по очајните резултати што ги бележеше Франк де Бур, и експрено успеа да ги воскресне „нероаѕурите“, кои под негово водство се искачија на петтото место на табелата. Интер во следното коло од Серија А ќе ја пречека екипата на Сампдорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА