Интер ја најде замената за Лукаку, пристигнува Един Џеко од Рома

Босанската фудбалска ѕвезда Един Џеко, актуелниот фудбалер на Рома, ќе биде замената за Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез во Интер, откако напаѓачкиот двоец на „нероаѕурите“ веќе е на пат кон Лондон.

Репрезентативецот на Белгија, Лукаку треба да го засили Челси за 115 милиони евра, а Лаутаро оди во Тотнхем за 60 милиони фунти, по што Интер практично останува без врвен центарфор, па одлуката паднала да се ангажира Џеко, кој веќе две години постојано се поврзува со доаѓање во Милано, но досега во последен момент пропаѓаше трансферот.

Според најавите, а кои ги потврди и непогрешливиот Фабрицио Романо, Џеко во Интер ќе добиде двегодишен договор вреден преку десет милиони евра. Рома и Жозе Мурињо нема да му прават проблем на Босанецот да замине, а како негова замена се најавува Харис Сеферовиќ, швајцарскиот репрезентативец кој играше одлично на Евро 2020.

Инаку, Џеко е трет најдобар стрелец во историјата на Рома со постигнати 121 гол на 260 меча.

 

 

 

Се вчитува...