Интер успеа да го совлада Лацио на „Олимпико“ со 1-3, прекинувајќи ја серијата од четири последователни порази во италијанскиот шампионат. Беше очигледно дека „нероаѕурите“ не сакаат да бидат на позиција која води во Лигата на Европа, па откако со серија порази тоа го одбегнаа, на крајот покажаа дека имаат квалитет и за да слават против Лацио во Рим.
Кеита од пенал ги доведе „лацијалите“ во водство, а Андреоли го израмни резултатот. Интер дојде во водство со автоголот на Хоет пред крајот на првиот дел. Едер беше стрелец на третиот гол за гостите, а Лацио во второто полувреме остана со двајца играчи помалку поради исклучувањата на Кеита и на Лулиќ.
All Goals & highlights HD Lazio 1-3 Inter – 21… by lifefootball
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА