Интер е новиот лидер во Италија, со победата на гостувањето кај Џенова со 1-2. Така „нероазурите“ максимално профитираа од нерешениот резултат на Милан против Саусоло, односно поразот на Наполи во Удине со 1-0.
Бисек во 6. минута донесе предност за Интер, која ја зголеми Лаутаро Мартинез во 38. минута од мечот.
Витиња во 68. минута успеа да намали и да донесе неизвесност. Но, до крајот на мечот Интер успеа да се добрани, и така да дојде до вредна победа со која се искачи на првата позиција.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

