Фудбалерите на Интер по три меча во низа конечно стигнаа до победа во домашниот шампионат и тоа со стил откако во дербито на 31. коло во Серија А ја прегазија Рома со убедливи 5-2.
Домаќините поведоа со 1-0 уште во 1. минута со погодокот на Лаутаро Мартинез. Гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Мансини во 40. минута, а до крајот на првиот дел беше и 2-1 со погодокот на Чалханоглу во втората минута од судиското продолжение. Во вториот дел Лаутаро Мартинез со својот втор гол во 52. минута зголеми на 3-1, a 4-1 беше само три минути подоцна со голот на Турам. Барела во 63. минута стрелаше за 5-1, додека гостите го ублажија поразот (5-2) со погодокот на Пелегрини во 70. минута.
Inter [4] – 1 Roma – Marcus Thuram 55'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

