Интер ја скроти „волчицата“ на „Олимпико“ (ВИДЕО)

Интер ја продолжува трката со Наполи за врвот во Серија А, откако во 8. коло триумфираше на гостувањето против Рома во Рим.

„Нераѕурите“ славеа минимално со 0-1, но сосема доволно за три бода со кои повторно дојде на само два бода од водечкиот Наполи.

Творец на победата беше Лаутаро Мартинез по прекрасниот контранапад на тимот во 60. минута од средбата.


Се вчитува...