Екипата на Интер ја продолжи добрата низа во Серија „А“ совладувајќи го тимот на Верона со 2-1. Потешко од очекувањата, лидерот на табелата во Италија успеа да слави благодарение на гол длабоко во судиското надополнување, а гостите можеа да се спасат од пораз ако погодеа од пенал во десетата минута од судиското надополнување.
Интер одлично го почна мечот и во 13. минута дојде до предност со голот на Лаутаро Мартинез, по асистенција на Мхтаријан.
Анри во вториот дел во 74. минута успеа да донесе израмнување за Верона. И кога се чинеше дека ќе освои голем бод од ова гостување, Интер во четвртата минута од судиското надополнување стигна до гол преку Фратези. Се проверуваше и ВАР снимката, за на крај голот да биде потврден.
Сепак, тука не беше крај на возбудувањата. Во 100-тата минута Анри изведе пенал за бод, но ја погоди само стативата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА