Интер ја засилува од одбраната со играч на Барселона

Одбранбениот играч на Барселона, Ерик Гарсија би можел да ја продолжи кариерата во Интер, тврди „Спорт“. Каталонците поставиле цена од 10-15 милиони евра за својот играч.

Барселона има рок до 30. јуни да се раздели со неколку играчи за да добие право да регистрира нови играчи и да го сочува финансискиот фер-плеј за плати. Од друга страна Интер бара двајца играчи во дефанзивата.

Гарсија се врати на „Ноу Камп“ како слободен играч од Манчестер Сити во 2021 година. Во дресот на Барса одигра 32 натпревари минатата сезона, постигна еден гол и запиша 2 асистенции.

Се вчитува...