Интер ќе го казни Перишиќ дека играл одбојка на плажа

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе го казни парично хрватскиот интернационалец Иван Перишиќ, затоа што за време на својот летен одмор играл професионално одбојка на плажа. Според договорот со клубот, тој не смее да презема такви ризици, со оглед дека би можел да заработи повреда и да пропушти дел од сезоната за „нероаѕурите“. Сепак, се чини дека тоа многу не го загрижува Перишиќ, кој учествуваше на турнир во одбојка на плажа што се одржа во Пореч.

„Ова беше мојот сон уште како мал. Играм одбојка на плажа од мојата десетта година и не можев да не го прифатам овој предизвик“, изјави Иван Перишиќ, кој е една од желбите на Манчестер јунајтед во овој летен преоден рок.

Интер за него бара сума од 50 милиони евра.

Се вчитува...