Интер ќе го откупи дефанзивецот од Манчестер Сити

Тимот на Интер планира да ја активира откупната опција од 15 милиони евра за швајцарскиот стопер Мануел Аканџи идното лето. 30-годишниот репрезентативец на Швајцарија игра за клубот од Милано како позајмен од Манчестер Сити.

Тој одигра 19 меча во Серија „А“ сезонава, и Интер е задоволен од неговите настапи. Со тоа Интер би можел да добие квалитетен стопер за мала сума на пари, со оглед дека Сити веќе го ангажираше Марк Гехи, и за Аканџи ќе нема место во ростерот на „граѓаните“.

Аканџи во минатото играше и за Базел и за Борусија Дортмунд. Сити го доведе бесплатно од „милионерите“.

Се вчитува...