Раководството на Интер е подготвено да ја рекина соработката со Франческо Ачерби откако италијанскиот репрезентативец беше обвинет за расистички навреди кон Хуан Жезус на последното дерби против екипата на Наполи.
Ачерби тврди дека не го навредувал противникот по расистичка основа, но тој веќе беше отстранет од репрезентацијата до крајот на случајот, додека федерацијата ја одложи пресудата барајќи дополнително време за да го земе во предвид сите докази. Општо мислење во јавноста е дека Ачерби че биде казнет за расизам, зашто му следи суспензија од најмалку десет натпревари.
Тоа практично ќе значи и крај на сезоната за искусниот дефанзивец, но дополнителна санкција ќе следи од неговиот клуб. Извори блиски до челниците на Интер тврдат дека тие се крајно разочарани од Ачерби и неговиот однос. За „нероаѕурите“ нема дилема, ако биде прогласен за виновен дефанзивецот автоматски ќе добие и раскин на договорот, па воопшто нема да биде платен за последните три месеци од оваа сезона. Интересно е што Ачерби пред само неколку дена потпишал нов договор со Интер со важност до 2027, но и тој ќе биде поништен и раскинат ако италијанскиот репрезентативец биде прогласен за виновен за расизам.
Пресудата се очекува до крајот на оваа репрезентативна пауза, но според пишувањата во Италија мали се шансите Ачерби да се спаси со оглед на изјавите и доказите против него.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА