Откако го елиминираше Баерн Минхен во 1/4 финалето во Лигата на шампионите, Интер може да добие и трансферна битка против гигантот од Германија. Италијанскиот првак е во завршни преговори со крилниот напаѓач на Олимпик Марсеј, Луис Енрике.
За бразилскиот фудбалер има интерес и од Баерн, но тој наводно сака да игра во тимто на „нероазурите“. Во меѓувреме траат преговорите меѓу двата клуба, а постои разлика меѓу двата тима од 10 милиони евра, откако Интер се обидува да ја намали сумата која ја бара Марсеј во висина од 30-35 милиони евра.
Оваа сезона Енрике во 31 натпревар, постигна девет гола и запиша осум асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА