Интер ќе ја засилува одбраната, прв „пик“ е Маркињос од ПСЖ

Италијанскиот калчолигаш Интер оваа сезона останува со празни раце кога се трофеите во прашање, а нема да избори ниту пласман во Лигата на шампионите. Новите кинески сопственици сакаат многу посилен и поконкурентен Интер во европски рамки, па затоа ќе тргнат во летна реконструкција на тимот. Како најслаба точка е оценета одбраната, и тука ќе треба да се доведат навистина квалитетни засилувања. Раководството на „нероаѕурите“, како што информираат медиумите на Апенините, посакува да го доведе на „Џузепе Меаца“ дефанзивецот на ПСЖ, Бразилецот Маркињос.

Тој оваа сезона е многу постандарден во составот на Унаи Емери, го зазеде местото на Давид Луиз, кој се врати во Челси, и најчесто игра во тандем со Тијаго Силва. Сепак, Интер ќе направи максимални напори за да го убеди Маркињос да се пресели во Италија и да го облече нивниот дрес. Неговата вредност изнесува околу 40 милиони евра.

Се вчитува...