Калчолигашот Интер ќе се засилува од италијански ресурси. Раководството на „нероаѕурите“ на тренерот Антонио Конте му одобри околу 200 милиони евра за трансфери во летниот преоден рок, а тој има ’пикирано’ двајца италијански репрезентативци. Посакува на „Џузепе Меаца“ да пристигнат Федерико Киеза, напаѓачот на Фиорентина, и играчот за врска на Бреша, Сандро Тонали.

И за двајцата во трката е и шампионот Јувентус. Но, Конте речиси го убеди Сандро Тонали да пристигне во Милано за сума од 50 милиони евра, трансфер кој треба да биде обелоденет по завршувањето на сезоната. Малку потешка мисија ќе биде ангажманот на Федерико Киеза. Фиорентина за него бара 70 милиони евра, а конкуренцијата за офанзивецот е жестока, бидејќи наддаваат Јувентус, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.
Во меѓувреме Интер се очекува да го продаде Лаутаро Мартинез во Барселона и да обезбеди свеж капитал за летниот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

