Претседателот на Интер Бепе Марота, изјави дека ќе го продолжи договорот со Симоне Инзаги. Актуелниот договор на 48-годишниот стручњак со клубот е до крајот на јуни 2026 година.
Се очекува во наредните месеци да потпише нов договор, кој ќе биде со важност до 2028 година.
„Многу сме среќни со Инзаги, продолжувањето на неговиот договор е формалност. Работеше одлично сите овие години и е пример за целиот клуб. Симоне е еден од најдобрите тренери во светот, а има и предност што е беше одличен фудбалер. Многу сме среќни што го имаме со нас“, рече претседателот на Интер, Бепе Марота.
Инзаги е на чело на клубот од 2021 година. Под негово водство, Интер минатата сезона стана италијански шампион, два пати го освои националниот куп и три пати италијанскиот Суперкуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА