Интер ќе се обиде да го стори тоа што не и успеа на Рома, да го купи Марез

Италијанскиот калчолигаш Интер ќе се обиде да го купи Ријад Марез, алжирскиот интернационалец од англискиот премиерлигаш Лестер. Раководството на „нероаѕурите“, како што информира „Кориере дело спорт“, верува дека може да понуди повеќе за крилниот играч на Лестер од Рома, која долго преговараше ова лето со претставниците на англискиот клуб, но не успеа да ги убеди да го продадат фудбалерот на „Олимпико“.

Спортскиот директор на Интер, Валтер Сабатини, ги отпочнал преговорите со Лестер и истакнал дека клубот е подготвен да плати 40 милиони фунти, колку што Англичаните бараа од Рома. Но, дали Лестер е подготвен да го продаде Ријад Марез на само неколку дена пред стартот на новиот шампионат во Премиер – лигата?!

 

Се вчитува...