Италијанскиот калчолигаш Интер сака да ја засили својата одбрана со двајца фудбалери на англискиот клуб Манчестер сити. „Нероаѕурите“ сакаат во своите редови да ги доведат Николас Отаменди и Елаким Мангала, и за тоа се подготвени да платат околу 50 милиони фунти. Тренерот Лучијано Спалети смета дека со нив двајца ќе ги реши проблемите во дефанзивната линија на тимот, а тие и не се стандардни првотимци во составот на Пеп Гвардиола.
Мангала воопшто не успеа да се наметне, додека се очекува и Отаменди најголем дел од сезоната да ја мине на клупата за резервни фудбалери, доколку капитенот Винсент Компани биде здрав и подготвен за игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА