Интер лесно победи, Пандев беше стартер на „Џузепе Меаца“

Интер ја продолжи победничката низа во Серија А, совладувајќи ја Џенова на домашен терен со 5-0. Тоа е осми триумф за „нероаѕурите“ во шампионатот, кои сега се доближија на три бода негатива во однос на лидерот Јувентус. Горан Пандев се врати на „Џузепе Меаца“ и беше стартер во тимот на Џенова, а играше до 51.минута, кога на негово место влезе Кжиштоф Пјатек.

Роберто Галјардини беше стрелец на два гола за Интер на овој меч, а во листата на стрелците се запишаа и Матео Политано, Жоао Марио и Раџа Наинголан.

Се вчитува...