Интер лесно славеше против „десеткуваниот“ Феенорд (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер направија голем чекор кон пласман меѓу осумте најдобри на „стариот континент“ откако во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите славеа на гостувањето кај „десеткуваниот“ Феенорд со 0-2.

Холанѓаните имаа големи проблеми на овој меч бидејќи дури 14 фудбалери му недостасуваа на Робин ван Перси, а за мечот мораше да пријави дури пет фудбалери од младинскиот тим.

Турам во 38. минута донесе водство од 0-1 за гостите, додека на 0-2 зголеми Лаутаро Мартинез во 50. минута. Победата на Интер можеше да биде и поубедлива, но гостите не успеаја да реализираат пенал преку Зјелински во 65. минута.

Feyenoord 0 – [2] Inter – L. Martínez 50'
byu/dotuan211 insoccer

 

 

Се вчитува...