Интер лут на Србинот: „Не постои почит, играчите прво кажуваат да, а потоа не“

Српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ, ова лето требаше да стане играч на Интер. Тој од Удинезе имаше договорен трансфер на „Џузепе Меаца“, меѓутоа на крајот трансферот пропадна.

Медиумите во Италија го споменуваа неговиот татко како главен „виновник“ за тоа што трансферот не се реализираше, затоа што веројатно барал повеќе пари за себе.

Сега Србинот е пред трансфер во Лацио, но го навлече гневот на Интер, од каде го коментираа ова пропаѓање на трансферот.

„Нема почит. Денеска играчите кажуваат прво да, а потоа не. Во мои години веќе ништо не смее да ме изненаду“, рече Марота.

Самарџиќ се одлучи да игра за репрезентацијата на Србија, иако настапуваше за младите категории на Германија.

Се вчитува...