Интер Мајами и Палмеирас во осминафиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Фудбалерите на Интер Мајами и Палмеирас се третиот и четвртиот патник во нокаут фазата од првото издание на Светското клупско првенство кое што се игра во Соединетите Американски Држави.

Двата тима во последниот меч од групата А ремизираа 2-2 што беше доволно да се најдат во осминафиналето. Американскиот тим поведе со 1-0 со голот на Aљенде во 16. минута. На 2-0 зголеми Суарез во 65. минута.

На 2-1 намали Паулињо во 80. минута, додека седум минути подоцна конечните 2-2 ги постави Маурисио.

Порто и Ал Ахли одиграа меч со шест гола (4-4), што значеше крај за двата тима на Клупското светско првенство.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...