Интер Мајами може да здивне: Меси се врати на тренинзи

Аргентинската ѕвезда Лионел Меси, одржа два целосни тренинзи за својот тим Интер Мајами. Информацијата ја потврди помошникот тренер Хавиер Моралес. Аргентинецот ги пропушти последните четири натпревари, и имаше информации дека ќе биде во „аут“ уште некој период.

Сега информацијата е дека Меси ќе се врати за следниот меч во регуларниот дел од сезоната против Синсинати кој се игра во сабота. Интер Мајами најави дека е можно Меси да биде дел од мечот, со тоа што на социјалните мрежи објави фотографија со Меси на која пишува „Се гледаме утре“.

 

Се вчитува...