Натпреварите од фудбалското првенство на Соединетите американски држави продолжија по крајот на Копа Америка, а и покрај тоа што Лионел Меси не настапи во дресот на Интер Мајами, Аргентинецот беше центарот на вниманието на средбата против Чикаго која неговиот тим ја доби со 2-1.
Меси и Аргентина стигнаа до трофејот во Копа Америка, трофеј кој е 45-тиот во неговата кариера со што тој стана најтрофејниот фудбалер во историјата, минувајќи го Бразилецот Дани Алвеш, кој ја заврши кариерата со 44 освоени трофеи.
За овој успех Меси доби посебена почест од страна на Интер Мајами. На средината на теренот беше поставен банер со бројот 45 и неговото име, а доби и громогласен аплауз од полниот стадион како и видео презентација од освоените трофеи.
Celebrando los 4️⃣5️⃣ 🏆 del 🔟 🐐 pic.twitter.com/j99X16FuXe
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 21, 2024
A throwback at all the titles won by Leo Messi 🐐pic.twitter.com/lDbdRvx7yP
— Leo Messi 🔟 Fan Club (@WeAreMessi) July 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА