Интер има сезона зад себе во која стигна до финалето од Лигата на Шампионите, го освои третото место во Серија А и трофејот во Купот на Италија, а раководството на тимот веќе започна со активности за составување на тим кој следната сезона ќе се обиде да ги освои сите три трофеи.
Високо на листата на желби се наоѓа српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но за негов ангажман потребно е заминување. Италијанските медиуми откриваат дека тоа ќе биде Марсело Брозовиќ кој тренерот Инзаги е подготвен да го жртвува.
Интересно и Србинот и Хрватот веќе подолго време се поврзуваат со транфери надвор од „Стадио Олимпико“ и „Џузепе Меаца“, а се чини дека ова лето може конечно да се остварат истите и тоа во трансфер кој ќе ги поврзе двата фудбалери кои ја покриваат средината на теренот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА