Лидерот на табелата во италијанската Серија „А“ екипата на Интер, е заинтересирана за младиот играч на Челси, Андре Сантос како дел од големата реконструкција на тимот планирана за летото.
Според извештаите од Италија, првопласираниот тим го насочиле вниманието кон 21-годишникот кој ќе треба да донесе свежина во средината.
Се очекува ветераните Хакан Чалханоглу и Хенрих Мхитарјан да го напуштат клубот на крајот од сезоната, па на „Џузепе Меаца“ веќе активно бараат нивни замени, а Сантос е еден од играчите на кои се насочени.
Бразилецот не е единствениот играч од средниот ред на списокот на Интер. Клубот исто така сака да го потпише Леон Горецка, кој ќе стане слободен агент на лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

