Интер со голот на Лаутаро Мартинез уште во 3. минута, дојде до три бода над Верона, и се задржа на трката за титулата во Серија „А“. Со овие три, Интер освои 37 бодови, колку што има и Јувентус, и му се доближи на Милан на еден бод.
Тимот на Инзаги доминираше во текот на целиот меч, имаше повеќе шанси, но на крајот стравуваше за победата на овој меч.
Во вториот дел на Интер му беше поништен и гол поради офсајд на Лаутаро. Аргентинецот постигна прекрасен гол, но за жал на навивачите на „нероазурите“ не беше признат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА