Интер му верува на Инзаги, ќе му даде нов договор до 2024 година

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ќе добие нов договор од страна на клубот до 2024 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер ќе го продолжи договорот со актуелниот тренер за уште две години, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона во зависност од исполнување на целите на екипата.

Летоска Инзаги потпиша двегодишен договор со миланската екипа, но по добрите резултати сопственикот Стивен Жанг сака да му ја зголеми платата, па наместо 4,5 милиони евра годишно, ќе заработува 5 милиони и дополнителни бонуси.

Шанг е во многу добри односи со Инзаги па така сака да го задржи актуелниот предводник. Интер со него освои Супер-Куп, а обезбеди пласман во 1/8 финалето, првпат после 10 години. „Нероазурите“ во моментов се второпласирани со два бода заостанување зад Милан со натпревар помалку.

Се вчитува...