Интер наградува: Икарди добива шест милиони евра плата

Интер обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а раководството на клубот веднаш стави до знаење дека ќе стори се што може за да го задржи Мауро Икарди на „Џузепе Меаца“. Аргентинецот беше најдобар стрелец во „Серија А“ сезонава со 29 погодоци, во својот договор има клаузула што го прави достапен за 110 милиони евра за клубови надвор од Италија, a кинеските газди ќе сторат се за тој да остане предводник на нападот на Интер.

Нашиот проект почна минатото лето и веднаш дава резултати. Спалети е вистинскиот тренер за нас и ќе добие нов договор. Истото важи и за Икарди“ – порача првиот човек на клубот по победата во Рим над Лацио, со која беше обезбеден пласманот во ЛШ.

Весникот „Газета дело спорт“ објави дека веќе се во тек и преговорите за нов договор, со кој на Икарди му се нуди зголемување на платата од 4,5 на 6 милиони евра по сезона. За возврат, Интер инсистира на отстранување на клаузулата за заминување, со што италијанскиот клуб би го осигурал останувањето на својот ас, околу кој во иднина би се градел тимот.

„Неро-аѕурите“ веќе договорија два трансфери како слободни играчи, носејќи ги во своите редови Стефан де Фрај од Лацио и Асамоа од Јувентус. Воедно, договорот е и трансферот на младиот аргентински напаѓач Лаутаро Мартинез од Расинг, а како можни засилувања се споменуваат и Симоне Верди од Болоња и Политано од Сасуоло.

Се вчитува...