Фудбалерите на Интер со солидна предност ќе го дочекаат градскиот ривал Милан во реванш натпреварот за седум дена во полуфиналниот двомеч во Лигата на шампионите, откако денеска на гостувањето на „Сан сиро“ славеа со 0-2.
Гостите за само единаесет минути стигнаа до водство од 0-2 со погодоците на Един Џеко во 8. и Хенрик Мкхтаријан во 11. минута.
До крајот на првото полувреме главниот судија Манзано досуди пенал за Интер, но по консултација со ВАР тој беше поништен.
Првата поубава шанса „росонерите“ ја имаа во 63. минута кога Тонали одлично биеше, но неговиот шут заврши само во рамките на голот на Онана. До крајот „нероаѕурите“ успеаја да ја задржат предноста и на реваншот да стартуваат со позитива од два гола.
Golazo di Edin #Dzeko 👏 pic.twitter.com/thaDCfjGW3
— Alessandro (@90ordnasselA) May 10, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА