Голманот на Интер, Јан Зомер вчера остана без ниту едена интервенција, благодарение на играта на Атлетико, кој не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот.
Атлетико одигра слаб меч, повеќе мислеше како да се одбрани, па на реваншот во Мадрид да го бара победникот, но на крајот тоа им се одби од глава, откако Арнаутовиќ во 79. минута му доенсе победа на Интер.
Гостите не успеаја да упатат ниту еден удар кон голот на Интер. Последен пат кога Интер не дозволил да има шут кон нивниот гол бил во 2006 година на натпреварот против Спортинг Лисбон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА