Интер не сака ни да чуе за продажба на Лаутаро Мартинез, но ваквиот став на „нероаѕурите“ ги налутил челниците на Барселона, кои сега не се заинтересирани за продажба на Артуро Видал во таборот на италијанскиот гигант. Чилеанецот не крие дека е незадоволен од статусот во Барса и бара да му биде дозволено во јануари да си замине од клубот, се очекуваше Интер да го има главниот збор во оваа трка, но каталонскиот гигант сега не сака да преговара со „нероаѕурите“.
Причината лежи во Лаутаро, голгетерот кој игра во извонредна форма и кој веднаш го привлече вниманието на бројни гиганти. Меси го имаше крај себе младиот напаѓач во аргентинската репрезентација и веднаш побара да се извршат напори за тој да биде доведен на „Камп ноу“, како долгорочен наследник на Луис Суарез.
Интер воопшто не сакал да почне разговори на оваа тема, инсистирајќи дека Лаутаро ќе добие нов договор и нема наскоро да си замине од „Џузепе Меаца“. Ваквиот став ги налутил челниците на шпанскиот првак, кои сега најавуваат идентичен одговор кога станува збор за Видал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА