Интер е на добар пат да осигура врвно засилување за клучниот дел од сезоната откако лидерот во Серија А влезе во завршна фаза од преговорите со Муса Дијаби.
Овој холандски офанзивец би требало да ги засили крилните позиции каде „нероаѕурите“ се најтени во тимот, Дијаби веќе ги договорил личните услови, но се чека уште Интер да постигне договор со неговиот клуб Ал Итихад. Тимот од Саудиска Арабија е расположен да даде зелено светло за позајмица, особено откако самиот фудбалер притисна за враќање во Европа, за да си ги зголеми шансите за настап за Холандија на претстојното СП.
Дијаби најдобрите моменти во кариерата ги мина во дресот на Баер Леверкузен, по што се пресели во редовите на Астон Вила. Авантурата на „Вила парк“ не се одвиваше онака како што посакуваше, па тој во јули 2024 година беше продаден во Ал Итихад за сума од 60 милиони евра.
Понудата на Интер изнесува позајмица на шест месеци, со клаузула за можен откуп (што не е задолжителна) во висина од 35 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

