Италијанскиот калчолигаш Интер подготви огромна понуда за репрезентативецот Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, кој сезонава постигна 26 гола во Серија А. Раководството на „нероаѕурите“ е подготвено да плати 70 милиони евра, а во пакетот ќе понуди и уште тројца фудбалери, за да го убеди Торино да го продаде одличниот голгетер на „Џузепе Меаца“.
Италијанските медиуми информираат дека Интер е подготвен да ги испрати дефанзивците Ранокија и Сантон во Торино, како и еден од помладите фудбалери од младинската школа на клубот.
Торино за Белоти одреди цена од 100 милиони евра, но засега нема клуб кој би ја платил оваа вредност. За него се заинтересирани Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси, Барселона, Баерн Минхен и Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА