Фудбалерите на Интер не успеаја на домашен терен да ја совладаат Болоња, и така „прокоцкаа“ два бода и покрај тоа што имаа предност од 2-0 после само 13 минути игра.
Ачерби во 11. минута на асистенција на Чалханоглу донесе предност. Лаутаро Мартинез во 13. минута зголеми на 2-0.
Сепак, Болоња се врати со голот од пенал на Орсолини, а Циркци во 52. минута успеа да израмни. До крајот на мечот Интер пропушти неколку шанси да дојде до победа, но голот на Санчез беше поништен поради офсајд.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

