Ромело Лукаку не е среќен во Челси. Откако се врати на почетокот на сезоната во лондонските „сини“, не пружа онакви партии како што се очекуваше од него, па се погласни се шпекулациите дека тој би можел да се врати во Интер, каде што минатата сезона „експлодираше“ и беше најзаслужен за Скудетото на „нероазурите“.
Меѓутоа од Интер засега одбиваат да коментираат за враќање на Лукаку. Директорот Џузепе Марота утрово бил прашан за Лукаку, но тој одбил да коментира дали ќе се врати на „Џузепе Меаца“.
Лукаку за две години во Интер во 72 официјални натпревари постигна 47 гола. За Челси сезонава од 19 меча пет пати се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА