Италијанскиот калчолигаш Интер е во интензивна потрага по нов тренер за следната сезона, откако му се заблагодари на Стефано Пиоли. Задачата за ангажман на нов стратег му е доверена на новиот технички директор Валтер Сабатини, кој треба да го одбере новиот шеф на стручниот штаб.
„Нероаѕурите“ добија ‘корпа’ од Антонио Конте и од Диего Симеоне, па сега Интер се насочува кон други имиња. Како што најавуваат медиумите во Италија, Луис Енрике, сегашниот тренер на Барселона кој го напушта „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, и Маурицио Покетино, менаџерот на Тотенхем, кој остварува одлични резултати со „спарси“ во Премиер – лигата, се најновите желби на Интер. Останува да се види дали Сабатини ќе успее да убеди еден од овие двајца тренери да седнат на клупата на тимот од „Џузепе Меаца“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА