Интер одлучи за иднината на Залевски

Раководството на Интер се одлучи да ја активира откупната клаузула на полскиот бек Николо Залевски од Рома. Крилниот фудбалер е на појзамица во финалистот во ЛШ од Рома.

Неговиот договор со Рома истекуваше на лето, но Рома му постави ултиматум ако сака да оди на позајмица, да го продолжи договорот, и тоа го стори. Сега „нероазурите“ треба да ја платат отштетата од 6,5 милиони евра ако сакаат да го ангажираат перманентно.

Симоне Инзаги се почесто му дава шанса, вчера со Торино го пушти понапред, и овој врати со својот прв гол на „нероазурите“.

Се вчитува...