Интер одлично ја стартуваше сезоната во Серија А, но актуелниот европски вицепрвак ќе биде ослабен за почетокот на Лигата на Шампионите и премиерниот дуел против Реал Сосиедад.
„Нероаѕурите“ влегуваат во овој меч на крилјата на извонредниот дерби-триумф над Милан, но тренерот Инзаги против Реал Сосиедад нема да може да смета на услугите на Хакан Чалханоглу и на Квадрадо.
Колумбиецот Квадрадо не се опорави од повредата поради која не настапи на градското дерби, додека Чалханоглу се повреди токму на мечот со „росонерите“. Лекарските прегледи покажаа истегнување на мускулот на ногата, турскиот играч за врска дефинитивно нема да настапи утре, а речиси сигурно ќе биде „во аут“ и за следниот лигашки меч против Емполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

